Избор Македонија Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Свети пророк Јона

Охрид, 5. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денеска го празнуваат споменот на Свети пророк Јона.

Живееше повеќе од 800 години пред Христа. Во неговото житие се вели дека тој бил синот на онаа вдовица во Сарепта Сидонска на која пророкот Илија ѝ го воскресна синот од мртвите.

Со своето тридневно пребивање во утробата на китот, свети Јона е предобраз на тридневното пребивање на Христос во гробот, а со неговото спасение – го изобрази Воскресението на Господа од мртвите. (Крај)

извор: Слободен печат фото: Слободен печат

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука