Избор Култура Локална самоуправа ТОП ВЕСТИ

„Балет за четири раце“ на пијано дуото Костова-Базгалоска

Охрид, 5. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Утревечер од 19:00 часот во големата сала на Општина Охрид ќе се одржи концертот „Балет со четири раце“ на пијано дуото Нина Костова и Ивона Базгалоска.

Љубителите на музиката ќе може да уживаат во изведба на прекрасни музички композиции од Чајковски, Рахманинов и Лангер.

Концертот се реализира со поддршка на Општина Охрид, од каде велат дека во континуитет ги поддржуваат младите музички таленти кои полека но сигурно го трасираат патот кон успехот настапувајќи на големи музички сцени. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука