ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Наскоро повторно ќе биде дозволен сообраќај и паркирање на улицата „Кеј Македонија“

Охрид, 5. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Наскоро повторно ќе биде дозволен моторен сообраќај и паркирање на улица „Кеј Македонија“.

Пред хотелот „Палас“ е поставен пункт за наплата и рампа. Директорот на ЈП „Билјанини извори“ од Охрид Теодор Андоноски во изјава за Супер радио и OhridPress вели дека ваквото сообраќајно решение е одобрено од МВР, и дека треба уште да се инсталира системот на рампата.

– Станува збор за потегот од пресекот со улица „Македонски Просветители“ (кружна крстосница плоштад) до пресек на „Кеј Македонија“ со „Ванчо Николески“. На овој потег ќе биде дозволен сообраќај, како и паркирање. Со поставувањето на рампата всушност ќе биде затворен системот за наплата од маркет „Тинекс“, кружното и „Палас“. Сообраќајот ќе се одвива во една насока, од кружната крстосница кон хотелот „Палас“, вели Андоноски.

Од денеска се забранува секаков вид на моторен сообраќај на улица „Кеј Македонија“

Инаку ваков сообраќаен режим имаше и претходно, а пред почетокот на летната сезона беше воведена забрана за секаков вид на моторен сообраќај на овој дел од улица „Кеј Македонија“ и истиот беше наменет за движење на пешаци. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука