Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Се зборува на Facebook: Го трошиме октомври, помалку од 3 месеци за завршување на автопатот Кичево-Охрид

Охрид, 5. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Информацијата за рокот од помалку од три месеци за завршување на автопатот Кичево-Охрид, изминативе денови е помеѓу најкоментираните на Facebook профилот на OhridPress.

Веќе навлеговме во октомври, што значи дека остануваат помалку од три месеци до крајот на годината, односно до најавениот термин за завршување на работите. Со оглед на фактот дека навлегуваме во период од годината кога е можно и влошување на временските состојби, со што ќе се намали временската рамка за изведување на работите, се поставува прашањето дали ќе се стигне да се завршат најавените работи.

Иако се свесни за големината на проблемот и обемот на работите, граѓаните на социјалните мрежи апелираат да се изнајде максимално брзо решение и конечно да заврши изградбата на овој патен правец, на кој годиниве наназад е зголемен за неколку пати бројот на соообраќајни незгоди, од кои дел и со трагични последици. Тие реагираат на доцнењето во изградбата на патот, а дел се сомневаат во најавената динамика, пред се’ поради бројот на ангажирани работници и работни машини и бараат итно завршување на работите. Дел прашуваат дали ќе има одговорност за доцнењето со, како што го нарече Вицепремиерот во Владата на Република Македонија Артан Груби „несреќниот проект“, и каде се’ завршија потрошените пари.


Читателите на OhridPress се свесни за големината на проблемот и апелираат да се изнајде максимално брзо решение и конечно да заврши изградбата на овој патен правец, на кој годиниве наназад е зголемен за неколку пати бројот на соообраќајни незгоди, од кои дел и со трагични последици. Граѓаните реагираат на доцнењето во изградбата на патот, а дел се сомневаат во најавената динамика, пред се’ поради бројките на ангажирани работници и работни машини и бараат итно завршување на работите. Дел прашуваат дали ќе има одговорност за „несреќниот“ проект и каде се’ завршија потрошените пари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука