Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Проф. д-р Анис Сефиданис на Денот на учителот одржа предавање на тема „Вештачката интелигенција во образованието“

Скопје/Охрид, 5. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Првата детска амбасада „Меѓаши“, охридскиот Проф. д-р Анис Сефиданис, денеска, на Денот на учителот одржа предавање на тема „Вештачката интелигенција во образованието“.

– Токму денеска, на Денот на учителот/ката започнавме со првиот вебинар за оваа учебна година. Темата беше „Вештачката интелигенција во образованието“. Проф. д-р Анис Сефиданис ни сподели и посочи толку релевантни и важни информации што успеа да направи да не гледаме во часовникот туку во учителот/ката сега и во иднината. Ни отвори нови видици и милион прашања и размислувања, пораќаа од Првата детска амбасада „Меѓаши“.

Проф д-р Анис Сефиданис е професор на Факултетот за применети информатички науки, машинска интелигенција и роботика при Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Претходно раководел со функцијата декан на Факултетот за информатика на Европски Универзитет во Скопје, а предавал и како визитинг професор на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“. Тој е автор на повеќе книги од областа на информатиката, меѓу кои и „Препознавање на облици со помош на машинско учење“ и е основач на Институтот за експоненцијални технологии. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука