Струга, 8. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во рамките на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ денеска продолжуваат со Дебати за Македонија во Општина Струга.
Дебатата насловена „Борба со криминал и корупција, темелна европска вредност“ ќе се одржи со почеток во 13:30 часот во Паркот на поезијата во Струга.
На дебатата ќе учествуваат: Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Анастасија Илиеска, член на Комисија за финансии на ВМРО-ДПМНЕ и Ален Деребан, претседател на ОК Струка и советник во општина Струга. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 35