Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Игор Џамбазов и Гуру Харе ја промовираа одличната „Пеј!“ (Видео)

Охрид, 8. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Одличните Игор Џамбазов и Гуру Харе денеска ја промовираа новата песна – „Пеј!“.

Музиката, текстот и аранжманот се дело на Игор Атанасоски – Харе, а покрај главниот вокал на Игор и придружните на Тања Тас, за песната придонесоа и Дамир Имери на синтисајзер и оркестрација, а Мите Димовски беше задолжен за перкусии и продукцијата во неговото студио „Тралала“.

Песната доаѓа по промоцијата на нивниот албум „Првите триесет“ и многу концерти низ државата, но и бројни изненадувања за публиката.

Следниот чекор на познатото музичко дуо е големиот концерт закажан за 21-ви октомври во Македонската филхармонија каде концертно ќе го промовираат материјалот од албумот „Првите триесет“ и ќе ги изведат некои од најголемите хитови. Со овој концерт тие ќе ја одбележат нивната 30-годишна соработка, а Џамбазов ќе го прослави својот 60-ти роденден. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука