ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Најстарата Македонка во Австралија, Љубица Бакреска од охридското село Велгошти наполни 100 години, кралот Чарлс и’ го честитал роденденот (Фото)

Охрид/Перт, 8. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Љубица Бакреска е родена на 7-ми октомври 1923 година во охридското село Велгошти, а со семејството живее во Перт, Австралија каде го одбележа 100 роденден и според австралиските медиуми е најстарата Македонка, која живее во Австралија.

Прославата се одржа во просториите на македонскиот културен центар „Илинден“ во Перт во присуство на нејзиното семејство и најблиските роднини и пријатели, објави на неговиот профил на Facebook почесниот македонски конзул во Перт, Зоран Ќосески.

Љубица за роденденот доби честитки од цела Австралија. Телеграми испратиле кралот Чарлс, Премиерот на Австралија, Антони Албанези, генералниот гувернер на Австралија, Дејвид Хари, премиерот на сојузната држава Западна Австралија, Роџер Кук, а од името на македонската амбасадорка во Австралија, Билјана Стефановска- Сековска, телеграмата со честитки за добро здравје ја прочита почесниот македонски конзул во Перт, Зоран Ќосески.

Љубица има два сина и една ќерка, пет внуци, 10 пра-внуци и шест пра-пра-внуци.

На прашањето која е тајната на долг живот, таа мирно одговорила – редовно пеење и прошетки во природа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Зоран Ќосески

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука