Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Во два случаи полицијата откри нелегален транспорт на огревно дрво во Охрид

Охрид, 10. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Полицискиот Билтен на СВР Охрид носи две информации за нелегален транспорт на огревно дрво во Охрид.

На 9-ти октомври 2023 година, во 15:40 часот во атарот на охридското село Скребатно, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 46-годишно лице од Охрид. Тој бил затекнат при нелегален транспорт на 8,5 метри просторни нежигосано огревно дрво со товарно моторно возило „ГМЕ“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на друго лице од Охрид. Товарното возило, огревното дрво и една моторна пила се одземени и предадени на Шумската полиција. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 9-ти октомври 2023 година, во 09:45 часот на улицата „Кленоец“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид од 58-годишно лице од Охрид одзедоа товарно моторно возило марка „Там“ со струшки регистарски ознаки, натоварено со четири метри просторни огревно дабово дрво за кои не поседувал документација. Дрвната маса, возилото и други предмети биле одземени и предадени на Шумска полиција и сместени во стовариште на ЈП „Национални шуми“ во Охрид. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука