Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево и топло време со умерена облачност и температура до 23. степени

Охрид, 14. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес претежно сончево и топло време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 23. степени.

– Уште утре ќе се задржи сончево време со свежи утра и ќе биде релативно топло преку денот. Во текот на ноќта кон понеделник ќе започне продор на студена воздушна маса од север, проследен со засилен северен ветер и со значително опаѓање на температурата, најпрвин во северните делови од земјата. Потоа ќе преовладува умерено до значително облачно и посвежо време со повремен дожд, особено во вторник. Во понеделник ќе дува умерен до засилен северен, а во вторник ќе засилува јужен ветер, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука