Економија Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Летото заврши, капењето во Охрид продолжи (Фото)

Охрид, 13. октомврии 2023 (ОХРИДПРЕС) – Иако е петок 13-ти, денешниот ден во преубавиот Охрид беше се’, само не несреќен.

И денеска имавме прекрасен сончев ден, кој многу охриѓани и гости го искористија за уживање во последните летни денови во најголемиот туристички центар во Република Македонија.

Само погледот на календарот денеска можеше да потврди дека денеска сме скоро на половината на октомври и уживаме во прекрасен сончев и топол ден, кој бројни гости од целата држава, но и голем број странски посетители, го искористија да уживаат во центарот на градот, стариот дел, но и на некоја од популарните плажи на крајбрежјето.

Бројни гости денеска уживаа и во преубавиот „Потпеш“, искапен во сонцето и со неповторлив поглед кон градот и црквата „Св. Јован Богослов Канео“.

Попладнево беше раздвижено и на Градскиот кеј, каде беше вистинско место за уживање на сонцето, дружење, спортување и капење во езерските води.

Лето и есен 2023-та, прекрасни, раздвижени, сончеви и како создадени за уживање во преубавиот Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука