Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево и топло време со умерена облачност и температура до 23. степени

Охрид, 15. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес претежно сончево и топло време со умерена облачност. Кон крајот на денот во северните и западните делови се очекува мала до умерена облачност.

Максималната температура ќе се искачи до 23. степени.

– Денес ќе се задржи сончево и релативно топло преку денот. Во текот на ноќта под влијание на продор на студена воздушна маса од север ќе почне да дува засилен северен ветер што во првите два дена од работната седмица ќе услови значително намалување на дневната температура за повеќе од десет степени. Утре времето ќе биде променливо облачно и ветровито, претпладне со врнежи од дожд, а во вторник облачно и уште постудено со повремени врнежи преку целиот ден, особено во јужните делови. Од среда ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со пораст на дневната температура, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука