Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Охриѓанецот Јован Буџакоски вечерва свечено го отвора екслузивниот ресторан „Стоби“ во Прага (Фото)

Прага/Охрид, 14. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Кога визијата се комбинира со талент и вложен голем труд, тогаш локацијата за успешен бизнис може да биде било каде во светот, а километрите никогаш не се препрека за истиот да се оствари.

Охриѓанецот Јован Буџакоски долги години работи во Прага во Чешка, градот кој е меѓу првите 10 најпосетувани градови во Европа и кај туристите предизвикува голем интерес благодарение на своите неповторливи убавини.

Основниот бизнис со градежништво, тој го продложува со угостителска приказна, која од вечерва добива сосема нова и прекрасно уредена форма во ексклузивниот ресторан „Стоби“, лоциран во центарот на Прага.

Вечерва на отворањето на „Стоби“, гостите ќе ги забавува нашиот најпознат фолк пејач Наум Петрески, заедно со група познати музичари: Мишел Трајковски, Хилми Бак, Марко Дениќ и Мите Стоилов. За забавата на гостите ќе се погрижи и познатиот охридски радио водител Жанко ЗШ Голабоски.

Посебни гости се и македонските навивачи кои во голем број денеска беа во Прага каде на неутрален терен го проследија фудбалскиот натпревар Македонија-Унгарија за пласман на ЕУРО2024, во рамки на 6. коло во квалификациската група Ц.

Честитки за отворањето на ресторанот и од комплетната екипа на Супер радио и OhridPress. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука