Избор Култура Општина Вевчани ТОП ВЕСТИ

КУД „Дримкол“ од Вевчани успешно ја претстави македонската култура во Веспрем, Европскиот град на културата оваа година

Веспрем/Вевчани, 16. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Европскиот град на културата за 2023 година Веспрем, Унгарија, Културно уметничкото друштво „Дримкол“ од Вевчани викендов ја претстави Македонската култура со концерт во центарот на градот, односно на плоштадот во стариот град.

На концертот беа изведени песни и ора од различни етнички предели од нашата држава.

– За нас е чест што ја претставивме Македонија во Европскиот град на културата оваа година. Бевме одлично пречекани во Унгарија и среќни што сите концерти беа посетени од бројна публика со многу позитивни реакции. Во Унгарија одржавме три концерти и тоа во Мохач, Осен и Веспрем. Оваа туренеа започна уште на 11-ти октомври со концерт во градот Краљево, Србија кој го посветивме на одбележување на нашиот државен празник, велат од КУД „Дримкол“.

Проектот „Презентација на Македонската култура во Веспрем“ е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука