Економија Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Во август во Охрид издадени се 7 одобренија за градба, планирана е изградба на 129 станови

Охрид, 16.октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во месец август во Охрид биле издадени 7 одобренија за градба, објави Државниот завод за статистика.

Во еден случај инвеститор е физичко лице, додека 6 одобренија се издадени на деловен субјект. Предвидена е градба на 129 станови, со вкупна корисна површина од 7.402 м². Во анализираниот период во општините Струга и Дебрца не се издадени одобренија за градба.

На ниво на Македонија во август 2023 година издадени се 344 одобренија за градење. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 157 се наменети за објекти од високоградба, 121 за објекти од нискоградба и 66 за објекти за реконструкција. Од вкупно 344 објекти, на 180 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 164 инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 943 станови, со вкупна корисна површина од 66.791 м². (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука