Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Пораз за ГКК Охрид на гостувањето во Гевгелија

Охрид, 16. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Кошаркарите на ГКК Охрид претрпеа пораз на гостувањето во Гевгелија, кај екипата на Кожув.

Натпреварот во рамки на третото коло заврши со резултат 96:69.

Охриѓани се десетти на табелата со 4 бодови, по некомплетното трето коло, што ќе биде заокружено во среда со натпреварот помеѓу Пелистер и МЗТ Скопје.

Во следното коло охридските кошаркари ќе играат на домашен терен, ја пречекуваат екипата на Гостивар. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука