Забава Избор

Со концерт во Македонската филхармонија Игор Џамбазов во сабота ќе одбележи два големи јубилеја

Охрид, 16. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Легендарниот актер, пејач и вистински шоумен Игор Џамбазов со концерт во Македонската филхармонија, наскоро ќе одбележи два големи јубилеја.

Првиот повод е неговиот 60-ти роденден, а на овој посебен настан ќе се одбележат и три децении музичка соработка со блуз ветеранот Гуру Харе. Покрај хитовите кои произлегоа од ова партнерство низ годините, концертот ќе биде искористен и за промоција на новиот материјал од албумот „Првите триесет“.

– Единствена и несекојдневна можност да се дружиме во октомври. Да ги прославиме првите 30 заедно, порача Гуру Харе.

Концертот ќе се одржи на 21-ви октомври во Македонската Филхармонија со почеток во 20:00 часот. Игор и Гуру Харе неодамна ја промовираа и новата песна „Пеј!“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука