Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајна незгода на патниот правец помеѓу селата Горно и Долно Лакочереј

Охрид, 17. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајна незгода се случи денеска, нешто по 14:00 часот на патниот правец кој ги поврзува селата Горно и Долно Лакочереј.

Според првичните, неофицијални информации, во незгодата учествувале две возила, а до овој момент нема потврдени информации за повредени лица и причините кои довеле до незгодата, во која е причинета поголема материјална штета.

Од СВР Охрид најавија повеќе информации за во текот на утрешниот ден. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука