ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Булеварот „Железничка“ и понатаму останува опасна точка за возачите и пешаците

Охрид, 17. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Последната сообраќајна незгода во која беа вклучени повеќе возила на булеварот „Железничка“ во Охрид, уште еднаш го отвори прашањето на безбедноста на овој исклучително фреквентен патен правец.

Во незгодата од неделата која е само продолжение на честите незгоди во овој дел на градот, учествуваа најмалку две возила, а сообраќајот на еден дел од булеварот беше пренасочен.

Иако се третира како обиколница, овој патен правец сепак поминува низ густо населен дел од градот, со куќи кои се буквално на самата улица и бројни излези на двете страни, кружен тек и семафори на раскрсницата со улицата „Кленоец“.

Булеварот „Железничка“ со години важи за една од градските сообраќајници каде често се случуваат незгоди, кои често имаат и посериозни последици и повредени лица. Жителите од овој дел од градот со право стравуваат за својата безбедност и во повеќе наврати апелираат до одговорните и особено до возачите да се почитуваат правилата, посебно во делот на ограничување на брзината. Тие апелираат до полицијата да биде повеќе присутна во овој дел на градот, затоа што нивното присуство превентивно делува на возачите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука