Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Актерите од охридскиот театар подготвуваат нова претстава

Охрид, 18. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Актерите од охридскиот Народен театар започнаа со подготовка на нова претстава.

Во тек се пробите за премиерата на претставата „Чекајќи го Годо“ од Семјуел Бекет во режија на Сашо Миленкоски.

Ова е последна од трите претстави за која охридскиот Центар за култура „Григор Прличев“ за годинава доби финансии за реализација од министерството за култура.

Премиерата на претставата е планирана за 27-ми октомври.

Охридскиот народен театар постои полни 12 години. Во оваа форма, како Национална установа во рамки на Центарот за култура опстојува од 2011 година, по долгогодишни иницијативи во Охрид да се возобнови професионалниот театар. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука