Избор Култура Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Промоција на книгата „За Македонистиката отворено“ од Свето Стаменов и Димитар Пандев

Охрид, 18. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во рамки на прославите по повод 23-ти Октомври, Денот на Македонската револуционерна борба, во петок на 20-ти октомври, во Големата сала на Општина Охрид, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи промоција на книгата „За Македонистиката отворено“ од Свето Стаменов и Димитар Пандев.

– „За македонистиката отворено“, книга 1 , содржи 21 радио разговор емитуван во периодот од 19 ноември 2016 година до 14 февруари 2022 година во авторскиот проект Quo vadis и во редовната саботна програма Радио Спектар на Македонското Радио. Во трудот се опфатени разговори за Крсте Петков Мисирков и неговата книга „За македонцките работи“, за Свети Климент Охридски, за Блаже Конески, за Григор Прличев, за Белите Мугри на Кочо Рацин, за македонистичките јубилеи, за најновото издание на Правописот, за Законот за јазиците , за најновата бугарска антимакедонска кампања која го негира и постоењето на македонскиот јазик, за предизвиците пред кои е исправен нашиот македонски јазик. Содржината на книгата е сместена на 360 страни, а рецизенти се поранешниот словенечки амбасадор проф. д-р Милан Јазбец и доц. д-р Бобан Карапејовски, информираат организаторите.

Издавач на книгата „За маекдонистиката отворено“ е Општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука