Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Изминативе 24 часа во Охрид наврнаа 16 литри на м2 воден талог

Охрид, 26. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) на Република Македонија, во текот на изминатите 24 часа во Охрид наврнаа 16 литри на метар квадратен воден талог.

Во Охрид денес променливо облачно време со кратки сончеви периоди и услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до 23. степени.

– Утре времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер, а кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд, особено во западните делови. Од сабота ќе преовладува сончево и релативно топло време, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука