ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Се санираат последиците од вчерашното невреме кое го зафати Охрид

Охрид, 26. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Екипи на локалните јавни претпријатија утрово работеа на расчистување на последиците од вчерашното невреме кое го зафати регионот на Охрид.

Дел од дрво кај плажата „Деспина“ падна на пешачката патека под налетите на силниот ветер.

Теренот се расчистува, а помали оштетувања се пријавени и на останати делови од градот, особено во делот на првата езерска линија, каде има помали оштетувања и на кејот и делот кај „Сараиште“.

Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) на Република Македонија, во текот на изминатите 24 часа во Охрид наврнаа 16 литри на метар квадратен воден талог. Во Охрид денес променливо облачно време со кратки сончеви периоди и услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до 23. степени. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука