ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Полициска акција „Синџир“: Апсења во Охрид, Неготино, Кавадарци и Битола, вклучени три институции за финансиски криминал

Скопје/Охрид, 30. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Рано утрово, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Управата за финансиска полиција со асистенција на единиците од МВР на повеќе локации во Неготино, Кавадарци, Битола и Охрид извршува претреси и се приведуваат осомничени лица.

– Акцијата е резултат на повеќемесечна предистражна постапка, под кодно име „Синџир“, за кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството што обвинителството ја спроведе со Управата за финансиска полиција и истражители од Истражниот центар на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, јави порталот Скопје 1.

По завршување на акцијата од обвинителството ќе соопштат повеќе детали за предметот. (Крај)

извор: Скопје 1 фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука