ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Усвоени извештаите за работата на судовите, охридскиот меѓу поажурните во државата

Скопје/Охрид, 30. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Судскиот совет денеска ги усвои извештаите за работата на судовите за второто тримесечие за 2023 година според кои поголемиот број основни судови низ државава се неажурни.

Вишиот Управен суд и Управниот суд, исто така, биле неажурни. Во апелационото подрачје Битола, сите судови биле неажурни, освен основните судови во Охрид и Ресен.

Ажурни биле Врховниот суд, Основниот кривичен суд Скопје, основните судови во Гевгелија, Кавадарци, Кратово, Гостивар, Дебар и Кичево, а неажурни биле Апелацискиот суд Скопје, Основниот граѓански суд Скопје, основните судови во Велес, Крива Паланка, Куманово, Неготино и Тетово, како и Апелацискиот суд во Гостивар.

На денешната седница беше усвоен и извештајот за работата на Основниот суд Кочани, како и извештајот за оценување на судии од Управниот суд. (Крај)

извор: МИА фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука