Избор Македонија Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Преподобен Прохор Пчински

Охрид, 1. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани го прославуваат денешниот ден во чест на Преподобен Прохор Пчински.

Бидејќи се молеше за тоа, Бог му го покажа местото на неговиот подвиг. Тоа место беше на брегот на реката Пчиња. Свети Прохор се подвизуваше таму до старост и до својата смрт. Само Едниот Бог знае за сите негови подвизи и искушенија што ги претрпе во текот на овој живот.

Но, според неговите мироточиви мошти и безбројните чудесни исцеленија, коишто и до ден денес не престанаа, може да се суди за големината на Божествената благодат што му ја подари Бог за неговите големи страдања.

Свети Прохор се упокои и се пресели во Царството Небесно во 9 век. (Крај)

извор: Слободен печат фото: Слободен печат

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука