Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди и температура до 19. степени

Охрид, 1. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди и услови за локален дожд кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 19. степени.

– До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Од петок попладне и во сабота врнежите наместа ќе бидат обилни (над 20 l/m2) и проследени со грмежи. Во петок и во недела ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука