Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Утре прекин во водоснабдувањето на улиците „Егејска“, „7-ми Ноември“ и „Марко Нестороски“

Охрид, 1. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Поради интевенции на водоводната мрежа поврзани со реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ утре повеќе часа без вода ќе бидат жителите на неколку охридски улици.

– Поради извршување на неколку интервенции на водоводната мрежа поврзани со реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“, во четврток, на 2-ри ноември 2023 година, од 08:30 часот ќе има повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на улиците: „Егејска“, „7-ми Ноември“ и „Марко Нестороски“, информираат од охридски „Водовод“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука