Избор Македонија Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Св. великомаченик Артемиј

Охрид, 2. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Според календарот на МПЦ-ОА (Јулијанскиот календар) денеска е 20 октомври, денот кој православните верници го прославуваат во чест на Св. великомаченик Артемиј.

Живеел во времето на цар Константин, а пострадал после неговото заминување, од раката на царот Јулијан, кој отстапи од верата во Христа и се обидуваше во Рим да го врати паганството.

Словенскиот збор маченик е изведен од грчкиот мартис, што значи, сведок. Во Црквата мачениците со својот живот, посебно со својата подготвеност да умрат за Христос, сведочеа за нивната вера дека Христос е Бог кој, на крајот од времето, ќе ги подигне од мртвите и ќе им даде живот во вечноста.

Оттаму, Црквата ги нарекува великомаченици тие кои го посведочиле ова со посебна сила. (Крај)

извор: МПЦ-ОА/МИА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука