Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со локални врнежи од дожд и температура до 16. степени

Охрид, 2. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес претпладне променливо облачно време со локални врнежи од дожд, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од југозападен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 16. степени.

– До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Од петок попладне и во сабота врнежите на места ќе бидат обилни и повремено поројни (над 30 л/м2) и проследени со грмежи. Во петок и во деновите од викендот ќе дува засилен до повремено силен ветер од јужен правец (над 60 км/час), информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука