Забава Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Бојан Велевски и Божидар Божиновски- Моџо најавуваат стендап спектакл во Охрид

Охрид, 4. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Актерот Бојан Велевски започна голема стендап турнеја низ десет градови во Република Македонија насловена „Све ли ја да мислам“, по текст на популарниот Божидар Божиновски- Моџо.

Турнејата започна од Прилеп, по што следуваа Струмица, Кавадарци, Гевгелија, Кочани, Битола, Куманово, Тетово и Штип. На овие настани турнејата собра над 5.000 луѓе.

Охрид е следната станица, а за овој настап, Бојан вели дека за него е од особено значење:

– Во овие десетина години кариера како комичар, со Охрид сме се дружеле прилично ретко. Затоа овој настан од турнејата ми е еден од најважните затоа што сега охриѓани ќе можат да ме видат во едно вистинско светло. Ветувам спектакл и смеење на секои 20 секунди полни 75 минути, открива Велевски за OhridPress, кој е медиумски партнер и го поддржува настанот.

Додава дека продажбата веќе се одвива со брзо темпо. На седум дена дена пред настанот веќе се продадени првите 100 билети. Настапот е во сабота, на 11-ти ноември 2023 година во Центарот за култура „Григор Прличев“ со Охрид со почеток во 20:00 часот.

Билетите се продаваат во А2 Тобако и Даблин Паб по цена од 200 денари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука