Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Во понеделник започнува ревизијата на договорот за изградба на автопатот Охрид-Кичево

Скопје/Охрид, 4. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од понеделник ќе започне најавената ревизија за евентуалното раскинување на договорот со кинески „Сино Хидро“ за изградба на автопатот Охрид-Кичево, кој се гради повеќе од 10 години.

– Ревизијата треба да констатира евентуални пропусти и отсуство на геотехнички и геомеханички испитувања на земјиштето, објави денеска ТВ 24. Од задутре ќе се проверува фактичката состојба на терен и ќе се споделуваат мислења со експерти од градежниот сектор

На точно два месеци до најавениот завршеток на работите на автопатот Охрид-Кичево, екипа на OhridPress неодамна го помина овој патен правец и преку фотографии и видео долови до каде се градежните работи. Информацијата деновиве е помеѓу најкоментираните на Facebook профилот на OhridPress.

Дополнителен револт и неверување кај граѓаните предизвика и изјавата на македонскиот премиер Димитар Ковачевски дека е можно раскинување на договорот, дадена на Првата конференција за патна инфраструктура, искуства, предизвици, перспективи, која се одржа во Охрид. (Крај)

извор: Тв24/ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука