ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Пријателите не дозволуваат споменот да избледи: Tрет меморијално-хуманитарен марш „Трајан Целески- Тачо“ (Фото)

Охрид, 5. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Супер тура со 20-тина планинари по супер време. Благодарност до водачот Дејан Ангелоски и секако до ОО на Црвен крст Охрид, порачаа учесниците на Tретиот меморијално-хуманитарен марш, кој во чест на Трајан Целески- Тачо се одржа денеска.

– После три години од прераната смрт на нашиот „брат“ Тачо, споменот за него не бледнее. Неговата ведрина и дух се се’ уште се инспирација за многу од нас да се себенадминуваме, да помагаме. Традицијата нека се раѓа спонтано, порачаа претходно организаторите.

Третиот меморијално-хуманитарен марш започна утрово во близина на неговиот дом, на спортското игралиште „Стобекс“ – населба „Видобишта“ – Манастир „Свети Никола“, Велгошти и назад.

Водич на турата беше Дејан Ангелоски, апсолутен шампион во планинско трчање кај нас и повеќекратен победник на меѓународни трки во скајранинг. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука