Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Денеска се одржа III Општинско првенство во шах „7-ми Ноември 2023“

Охрид, 5. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Вo OOУ „Братство Единство“ во Охрид, денеска, во чест на 7-ми Неоември, денот на ослободувањето на Охрид, во организација на Шаховскиот клуб „Ласкер“ се одржа III Општинско првенство во шах „7-ми Ноември 2023“.

– Се играше во 7 кола Швајцарски систем, темпо на игра 10’05. Учество зедоа 27 шахисти, меѓу кои и 1 девојка. Најуспешен беше Велкоски Стојан со 6 поени од 7 партии, втор беше Лушески Константин со 5,5 поени, а третото место го освои Алексовски Александар со 5 поени. Најдобар бухолц во споредба со шахистите кои имаа 5 поени Шапкароски Гоце (четврто место) и Су Ерол (петто место). Шестото место го освои Видиќевски Ванчо со 4,5 поени, најдобар млад шахист роден 2009 и помлад Молкоски Димитри со освоени 3,5 поени, информираат од ШК „Ласкер“ од Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука