Избор Македонија ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Тимот GreenForce на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ со мобилната апликација TrashPinger меѓу најдобрите 8. во целата држава на RISE програмата

Охрид, 5. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Тимот GreenForce на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, неодамна со својата мобилна апликација за детекција на отпад TrashPinger се пријави на RISE програмата за идните млади социјални и зелени претприемачи

.

– Во конкуренција од 31 пријавен тим, охридскиот тим успеа да се пласира во најдобрите осум од целата држава. Тимот GreenForce, составен од учениците: Ана Спироска, Ана Атанасовска, Климент Маријаноски, Александар Спасеновски и Дарко Крлески, сите од III-3, под менторство на проф. Ирена Ралева- Најдевска, неодамна успешно го помина интервјуто со жири-комисијата и се пласира во втората фаза од оваа програма, информираат од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.

Додаваат дека во саботата, на 4-ти ноември 2023 година, ученичката Ана Спироска и менторката Ирена Ралева- Најдевска успешно ја поминаа програмата за вовед во социјално претприемништво од страна на RISE програмата.

– Оваа обука се одржа во Скопје. Во периодот што следува претстојат осум online и три физички средби за доразвирање на оваа идеја и во февруари 2024 година ќе се претстават во живо пред стручното жири. Им посакуваме успех, потенцираат од училиштето. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука