Здравје Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

ИЈЗ: Пријавени 45 случаи на сезонски грип, во Охрид не се евидентирани заболени

Охрид/Скопје, 6. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во периодот од 23-ти до 29-ти октомври во Република Македонија пријавени се 45 случаи на сезонски грип, информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Заболените лица се регистрирани во: Дебар – 18, Куманово – 16, Радовиш – 3, Прилеп и Тетово – по 2 и Струмица, Гостивар, Кочани и Кавадарци – по 1. Во однос на возраста, од 15-64 години се регистрирани 16 лица, од 0-4 години – 15, од 5-14 – 10 и над 65 години се 4 лица, стои во извештајот на ИЈЗ.

Оттаму потсетуваат дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување, особено за ризичните групи граѓани.

Првиот човек на Центарот за јавно здравје Охрид, Сашо Точков, неодамна за Супер радио и OhridPress изјави дека е задоволителен досегашниот одзив за вакцинација против сезонски грип, како за бесплатна, така и за комерцијална.

За пациенти кои поради здравствени причини не можат да дојдат на пунктот за вакцинација, мобилна екипа на Центарот за јавно здравје Охрид врши вакцинација во домашни услови, а ваква можност нудат и екипите на Здравствен дом Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука