Здравје Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

ИЈЗ: Пријавени 44 случаи на сезонски грип, во Охрид нема евидентирано заболени

Охрид/Скопје, 10. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во периодот од 30-ти октомври до 5-ти ноември во Република Македонија пријавени се 44 случаи на сезонски грип, информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

– Заболените лица се регистрирани во Дебар – 24, Тетово – 4, Радовиш, Куманово и Кавадарци – по 3, Скопје, Прилеп и Струмица – по 2 и Македонски Брод – 1. Во однос на возраста, од 15-64 години се регистрирани 15 лица, од 0-4 години и од 5-14 – по 13 и над 65 години се 3 лица, е наведено во извештајот.

Во сезоната 2023/2024 вкупниот број на случаи на грип/заболувања слични на грип е 240. Во споредба со истиот период од минатата сезона (n=76), бројот на пријавени случаи е зголемен за 3 пати.

Од ИЈЗ потсетуваат дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување, особено за ризичните групи граѓани.

Во охридскиот Центар за јавно здравје непречено се спроведува вакцинацијата против сезонски грип, како бесплатната така и комерцијалната. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука