Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес облачно време со врнежи од дожд и температура до 12. степени

Охрид, 11. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 12. степени.

– Под влијание на влажен бран до понеделник претпладне времето ќе се задржи променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 35 l/m2 за целиот период). Денес ќе дува засилен ветер од јужен и југозападен правец (наместа со брзина над 70км/час). Потоа, нови локални врнежи се очекуваат во среда попладне, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука