Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Изминатото деноноќие во Охрид наврнаа 16. литри дожд на м2, најмногу во државата

Скопје/Охрид, 13. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) –  Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), изминатото деноноќие во Охрид наврнаа 16. литри дожд на м2, најмногу во државата.

– Во Претор наврнаа 9 литри на метар квадратен, 8 во Лазарополе и Гевгелија, 7 во Виница и Крушево, 6 во Попова Шапка, 5 во Маврови Анови, 4 во Битола, Берово и Пожаране. Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената, информираат од УХМР.

Во Охрид денес сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до 14. степени.

– Денес и утре ќе се задржи стабилно време, сончево со мала до умерена облачност. Во среда во попладневните часови се очекуваат нови врнежи од дожд, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука