Економија Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Во септември во Охрид издадени се 3 одобренија за градба

Охрид, 13.ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во месец септември во Охрид биле издадени 3 одобренија за градба, објави Државниот завод за статистика.

Во сите случаи инвеститори се физички лица. Предвидена е градба на 3 станови, со вкупна корисна површина од 200 м². Во анализираниот период во општина Струга нема издадено одобрение за градба, додека во Дебрца само едно.
На ниво на Македонија во септември 2023 година издадени се 326 одобренија за градење. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 186 се наменети за објекти од високоградба, 79 за објекти од нискоградба и 61 за објекти за реконструкција. Од вкупно 326 објекти, на 192 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 134 инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 773 станови, со вкупна корисна површина од 72.274 м². (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука