ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Повторно оштетени делови од езерскиот кеј (Фото/Видео)

Охрид, 14. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Деновиве вниманието на минувачите повторно го привлекуваат раскопаните делови од езерското шеталиште и извадени бекатон плочки, како и поголеми бетонски парчиња од кејот.

OhridPress на оваа тема пишуваше и на почетокот на месецов како последица на брановите и силниот јужен ветер што го зафатија Охрид при што имаше оштетувања.

Последните оштетувања предизвикаа и откинување на поголеми бетонски парчиња од кејот во езерото.

Дали секогаш брановите се причина за ваквата состојба или е „дело“ на човекот не се знае. Како и да е ваквата состојба треба што поскоро да се санира, со оглед на тоа што овој дел охриѓани секојдневно го користат за прошетки и рекреација.

Граѓаните со апел да се санира проблемот од една страна за да не дојде до проширување, а од друга страна што градот мора да се подготви за претсојните празници, прво новогодишните, и сите наредни, кога се очекува солидна исполнетост со домашни и странски гости. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука