Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со услови за локален дожд и температура до 17. степени

Охрид, 15. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со услови за локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 17. степени.

– Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето. Во петок ќе дува засилен јужен ветер, а попладне под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, пообилни во ноќните часови. Во сабота врнежите ќе бидат локални, а на планините ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука