Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Бизнис натпревар „Oсновај свој старт-ап“ во Касарна Хаб

Охрид, 16. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Касарна Хаб во рамките на Глобалната недела на претприемништвото е домаќин на бизнис натпревар „Oсновај свој старт-ап“.

Ова е одлична платформа за средношколците и професорите да се здружат, да ги споделат своите знаења и вештини и да соработуваат на различни проекти.

– Главната цел на овој настан е да се поттикне претприемачкиот потенцијал на младите, а понатаму подготвени сме да им овозможиме целокупна поддршка при основањето на свој старт-ап со цел поефикасно постигнување на нивните цели и конкурентност на пазарот, велат од Касарна Хаб.

Вчера, на првиот ден од натпреварот учествуваа околу 35 ученици од средните училишта во Охрид, а дискусијата ја водеа Наум Димитровски, претставник на Касарна Хаб и професорите Елеонора Куноска, Наташа Трајкоска и Војо Илоски.

Учениците со помош на своите менотри креираа работилници и ги избираа бизнис идеите кои понатаму ќе ги обработуваат. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука