Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Започна кампањата „За безбедно патување во зима“

Охрид, 17. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид, преку Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај и отсекот за превенција, на целото подрачје ја отпочна кампањата „За безбедно патување во зима“.

Кампањата се реализира под мотото „Биди подготвен-користи зимска опрема“ во која, полициски службеници, низ непосреден контакт со возачите, на повеќе сообраќајни пунктови ќе ги потсетуваат за обврската која стапи на сила, за задолжително носење зимска опрема при управувањето со моторни возила.

– Во рамките на кампањата која е заедничка активност со РСБСП, на возачите ќе им се поделат и едукативни флаери со корисни совети за безбедно управување со возилата во зимски услови. Согласно Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата од 15-ти ноември оваа до 15-ти март наредната година, задолжително е поседување на пропишана зимска опрема во возилата, информираат од Секторот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука