ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Во првите девет месеци од годинава, седум лица го загубија животот во сообраќајни незгоди на подрачјето на СВР Охрид

Охрид, 17. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Со засадување цвеќе во кругот на СВР Охрид и со испуштање црни балони на плоштадот „Св. Климент Охридски“ во Охрид, Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) и СВР Охрид-отсек за превенција, денеска во Охрид, симболично го одбележаа 17-ти ноември, Светскиот ден на сеќавање на жртвите во сообраќајот.

– Во текот на 2022 година, на патиштата во земјава, животот го загубиле 124 лица, порача претседателката на РСБСП, д-р Гордана Кожуваровска.

Како што истакна портпаролот на СВР Охрид, м-р Стефан Димоски, на подрачјето на СВР Охрид, во текот на првите девет месеци од оваа година, во случени седум сообраќајни незгоди, животот го загубиле седум лица, возачи на моторни возила и нивни сопатници од кои, две на автопатот во изградба Кичево-Гостивар.

Кожуваровска и Димоски, упатија апел до возачите и до сите други учесници во сообраќајот, на крајна внимателност при управувањето со моторните возила и почитување на поставената хоризонтална и верикална сигнализација со цел, значително подигнување на сообраќајната безбедност и смалување на бројот на сообраќајните незгоди. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука