Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Охридската S&S винарија на саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград

Белград/Охрид, 17. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охридската S&S винарија зеде учество на саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ кој се одржува во Белград.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски го посети нивниот штанд на вториот меѓународен саем за храна, вино и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“, кој до утре, 18-ти ноември се одржува во Белград.

– Министерот Љупчо Николовски во посета на нашиот штанд во Белград, втора година на „Винска визија на Отворен Балкан“, порачаа од винаријата.

За разлика од минатата година кога на овој саем како држава се претставивме со 45 изложувачи, оваа година имаме скоро дуплиран број на изложувачи, или вкупно 74 македонски винарии и дестилерии со своите производи се презентираат на вториот по ред вински саем на Отворен Балкан.

Станува збор за можност за соодветна промоција на културолошките и идентитетските обележја, традиции и обичаи, како и поттик за домашната економија што значи поголем извоз, откуп и нови пласмани за македонските производи. Македонското вино е нешто со што се гордееме и важи за најдобар промотер на нашата земја, најгласниот и најдиректниот маркетинг за Република Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: FB S&S winery

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука