Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно и студено време со температура до 8. степени

Охрид, 18. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Променливо облачно и студено време со засилен, повремено силен ветер (над 80 км/час) од северозападен правец. На повисоките места и на планините ќе има слаби локални врнежи од снег.

Максималната температура ќе се искачи до 8. степени.

– Утре ќе се задржи студено време со умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Потоа времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука