Здравје Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Со нова и современа апаратура граѓаните ќе добијат брзи и точни резултати за анализите во ЈЗУ Општа болница Охрид

Охрид, 18. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Центарот за јавно здравје во Охрид од неодамна обезбеди најсовремена апаратура и воспостави целосно автоматизиран систем за молекуларна дијагностика, што овозможува екстракција на нуклеински РНК и ДНК киселини, PCR амплификација во реално време и интерпретација на резултати.

– Новата опрема на корисниците им овозможува брзи и точни резултати за анализите за присуство на високо ризични типови на хуман папилома вирус (ХПВ скрининг), одредување поединечни генотипови-генотипизација на 14 високо ризични типови на хуман папилома вирус (ХПВ) застапени на Балканското подрачје, како и докажување на присуство на Chlamydia trachomatis во гинеколошки, цервикални брисеви кај трудници, информираат од ЈЗУ Општа болница Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука