Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево и студено време со умерена облачност и температура до 7. степени

Охрид, 19. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и студено време со мала умерена локална облачност. Претпладне ќе дува засилен северен ветер, кој во попладневните часови ќе слабее.

Максималната температура ќе се искачи до 7. степени.

– Утре ќе преовладува сончево време со студено утро, а дневната температура ќе се зголеми. Потоа од вторник следува период на претежно облачно време, од крајот на денот со локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во среда, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука