Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Приведен крадец од Струмица во Охрид, фатен на дело во продажен објект

Охрид, 19. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 18-ти ноември 2023 година, околу 14:00 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 51-годишно лице од Струмица.

– Тој бил затекнат при извршување кражба во продажен објект, при што одзел повеќе предмети. Одземеното било вратено на сопственикот, а лицето било приведено во Полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука